Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Рафаел Надал смета дека беше втор најдобар тенисер во големата тројка. Подобар од Роџер Федерер, послаб од Новак Ѓоковиќ.
Шпанецот повеќепати го победуваше Швајцарецот, а има и повеќе Гренд Слемови од него, додека со тенисерот од Србија во двата сегменти губи. Сега, првпат по пензионирањето, проговори за овие две големи ривалства.
Ѓоковиќ, Федерер или Надал– кој е најдобар над 35+?
„Мечевите против нив двајцата беа тактички сосема различни,“ објасни во подкастот на Енди Родик.
„Со Роџер тактиката беше едноставна. Затоа моето ривалство со Федерер беше поатрактивно за навивачите отколку со Новак, иако со овој вториот повеќепати сум играл.“
„Тој пробуваше едно, јас пробував друго,“ продолжува Надал, кој се повлече во ноември, на завршниот турнир на Дејвис купот во Малага.