Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот шпански тенисер Рафаел Надал ја освои неговата 22. гренслем-титула во кариерата, по победата над Каспер Руд со 3-0 во сетови, односно 6-3, 6-3 и 6-0 во финалето на Ролан Гарос.
Гарос го освои турнирот во Париз по 14-ти пат во кариерата, а на прес-конференцијата за медиумите откри низ што морал да мине за да се закити со нов пехар.
„Ќе играм на Вимблдон, доколку моето тело покаже дека е подготвено за такво нешто. мислам дека никој не сака да пропушти такво нешто. Не сакам да ви раскажувам колку инјекции примив, но може да замислите затоа што морав да ги примам пред секој натпревар“, вели Надал.
Надал е прв во историјата со 22 трофеи од големите турнири, додека по 20 имаат Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.