Надал по седум години го освои трофејот во Акапулко


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го освои АТП-турнирот во Акапулко со победата против Тејлор Фриц во два сета 6-3 и 6-2 и така ја продолжи трката со Новак Ѓоковиќ за првото место на табелата.

Ѓоковиќ го освои трофејот во Дубаи, по што Надал со својата трета титула во Акапулко не му дозволи да му избега на АТП-листата.

До 3-3 се играше израмнето, по што Шпанецот освои три гема по ред и го доби првиот сет со 6-3. Во вториот се случи нешто слично, откако Американецот издржа до 2-2, по што Надал со неколку брејка стигна до победата и првиот трофеј на турнирот по 2013 година.

Треба да се спомене дека ова на Надал му е 85. титула во кариерата.