Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал кажа дека се надева дека ќе биде подготвен до почетокот на последниот гренслем-турнир во сезоната, Ју-Ес Опен, кој ќе почне на 29 август.
Надал беше елиминиран уште во второто коло на Мастерсот во Синсинати од Хрватот Борна Чилиќ со 6-7, 6-4 и 3-6, па поради тоа Шпанецот е загрижен пред турнирот во Њујорк.
„Очигледно не бев доволно подготвен и затоа изгубив. Не одиграв најдобар меч, зашто се враќам од тежок период по повреда. Морам да продолжам со тренинзи, а очигледно потребно ми е реме да се вратам во форма“, кажа Надал.
Надал кажа дека едвај чека да се појави пред навивачите во Њујорк, но се надева и на подобар резултат.