Надал се препоти, ама славеше на стартот на Австралијан опен


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласира во второто коло на Австралијан опен, откако славеше против Британецот Џек Дрејпер со 3-1 во сетови, односно 7-5, 2-6, 6-4 и 6-1.

По исцрпувачки меч, кој траеше три часа и 43 минути, Шпанецот се пласира во второто коло на натпреварувањето.

Младиот Британец даде голем отпор на шампионот на Австралијан опен, но искуството на шпанскиот тенисер беше пресудно во натпреварот за победнички почеток на Надал.

Шпанецот во трето коло ќе игра против Американецот Мекдоналд, кој во пет сетови го совлада сонародникот Накашима.