Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал едвај избори пласман во четвртфинале на турнирот во Мадрид, откако го совлада Давид Гофан со 6-3, 5-7 и 11-9.
Надал спаси дури четири меч-топки и на крајот успеа да слави, па така обезбеди уште едно четвртфинале во кариерата, кое му е вкупно 16. во Мадрид.
Шпанецот во следното коло ќе игра против подобриот од мечот меѓу Камерон Нори и Карлос Алкараз, а пласман меѓу најдобрите осум тенисери претходно обезбеди и Новак Ѓоковиќ.