Надал се врати на терен и експресно испадна: Мачење, повреда, а потоа пораз!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал сметаше дека повредата на стапалото нема да му пречи, но очигледно уште не е подготвен за големите турнири.

По победата против Џек Сок во второто коло во Вашингтон по три часа борба, Шпанецот беше елиминиран во третото коло од турнирот од Лојд Херис.

Ова за Надал е прв турнир по поразот од Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Ролан Гарос, а во меѓувреме не играше на Вимблдон и Олимписките игри.

Сега се мачеше да го зачува својот сервис и на крајот загуби со 4-6, 6-1 и 4-6. Успеа само во вториот сет да доминира и да освои два брејка, но потоа во третиот сет ја загуби силата.