Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал направи историски пресврт за да стигне до неговиот 21. гренслем-трофеј во кариерата, откако го победи Данил Медведев по пет ипол часовна борба.
Шпанецот беше емотивен по доделувањето на пехарот и не ја тргна насмевката од лицето, а најпрво му честиташе на Медведев за борбата.
„Ова е тежок момент за Данил. Беше во оваа позиција многупати, но немам сомнеж дека овој трофеј ќе го освоиш неколку пати во кариерата. Ти си фантастичен тенисер, ти честитам за одличната борба. Не знаете колку се борев и морам да ви се заблагодарам за поддршката“, вели Надал.
Легендарниот тенисер неодамна кажа дека ова ќе му биде последен настап на Австралијан опен, меѓутоа работите се променија.
„Пред месец ипол кажав дека ова можеби ќе бида мој последен настап на Австралијан опен, но сега имам енергија да продолжам. Навистина не можам да го објаснам чувството, ќе дадам сè од себе да дојдам и следната година“, кажа Шпанецот.