Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешната шампионка на Вимблдон, Марион Бартоли кажа дека е импресионирана од Рафаел Надал, кој успеа да го освои Ролан Гарос по 14-ти пат во кариерата и така стигна до 22. гренслем-титула.
Надал кажа дека примал инјекции пред секој меч за да ги издржи болките, кои ги трпел за време на натпреварите.
„Ги гледав неговите натпревари. Може лесно да се прочитаат емоциите и говорот на телото. И видов дека страдаше, болката беше присутна, се обидуваше да игра и покрај тоа. Сега е со медицинскиот тим и се проценува колку голема штета предизвика на своето тело. Мислам дека беше подготвен да прифати сè без разлика на штетата“, вели Бартоли.