Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во четвртфинале на Ју-Ес Опен, откако синоќа го совлада Марин Чилиќ со 3-1 во сетови.
Во првите два сета беше голема борба, а Надал првиот сет го освои со 6-3, додека Чилиќ во вториот врати со иста мера.
Во третиот сет Надал стави во „втора брзина“, па славеше со 6-1, додека четвртиот сет го доби со 6-2.
Шпанецот во четвртфиналето ќе игра против Диего Шварцман, кој беше подобар од Александар Зверев со 3-1 во сетови.
Во следно коло се пласираше и Гаел Монфилс, кој го победи Пабло со 3-0 во сетови.
Денеска во Њујорка на распоред се четвртфиналните дуели, а програмата ја отвораат Шварцман и Надал, а подоцна играат Вавринка и Медведев, односно Федерер и Димитров.