Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Челси вчера го отпушти Грем Потер по катастрофалните резултати со премиерлигашот, а во медиумите се шпекулира дека негов наследник ќе биде Јулијан Нагелсман, кој неодамна доби отказ од Баерн Минхен.
Фабрицио Романо објави дека Нагелсман е приоритет на раководството на „сините“, а Тод Боели веќе почнал преговори за потписот на германскиот тренер.
Во изминатиот период се шпекулираше дека и други тренери можат да го преземат премиерлигашот, но Нагелсман е најблиску до работата и наскоро се очекуваат повеќе детали.
Потер ги предводеше „сините“ на 31 меч, при што оствари 12 победи, осум ремија и 11 порази за осум месеци во Лондон.