Нагелсман ќе го замени Анчелоти во Реал Мадрид!?


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Баерн Минхен се раздели со Јулијан Нагелсман по лошите резултати во германската Бундеслига, а тренерот за неколку месеци планира повторно да се врати на работа.

Како следен клуб на Нагелсман се споменува Реал Мадрид, кој беше заинтересиран и за Томас Тухел, но Германецот ќе седне на кормилото на Баерн Минхен.

Флорентино Перез не е задоволен со Карлон Анчелоти и затоа сака да го избрка Италијанецот на крајот на сезоната, по што сака да го ангажира Нагелсман.

„Нагелсман е на мета на Реал Мадрид, а Тухел веќе има работа. Нагелсман е блиску да го преземе клубот од главниот град на Шпанија“, пишува шпански „АС“.