Награда од соништата: Фудбалер доби 55 кг компири по натпревар


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Данскиот клуб Сондерјиске го изненади својот француски фудбалер Максим Салас со несекојдневен подарок – 55 килограми млад компир, откако тој беше прогласен за најдобар играч на натпреварот.

Овој креативен пристап во наградувањето на играчите повторно го насочи вниманието на јавноста кон скандинавските лиги. Овие лиги познати се по несекојдневните награди кои често предизвикуваат интерес. Норвешкиот клуб Брине, на пример, е познат по вакви практики и веќе го привлече вниманието со оригинални награди. Еден од нивните фудбалери добил четири табли со јајца како признание за својата добра игра.

За разлика од класичните трофеи и плакети, Сондерјиске му понуди поинаква сензација на Салас – му подари полн багажник со храна.

Фото: Принтскрин