Награда за одличната форма: Ливерпул му нуди договор на Мане


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека Садио Мане наскоро би требало да потпише нов договор со Ливерпул.

Фудбалерот од Сенегал пристигна на „Енфилд“ во 2016 година од Саутемптон, а беше платен 34 милиони фунти.

Сега тој е еден од најдобрите фудбалери во клубот, а одигра 130 меча за „црвените“ и постигна 65 гола, а сезонава има постигнато шест гола на седум меча.

Поради тоа, во клубот решија да му понудат нов договор, според кој Ливерпул ќе го задржи до 2025 година.

А Мане ќе добие зголемување на платата, односно 12 милиони фунти годишно.

Ливерпул сезонава ја брани титулата во Лигата на шампиони, а токму Мане ќе биде еден од фудбалерите кои ќе се обидат да му помогнат на клубот во таа намера.