Наградите го мотивираа: Шо се уште тренира на Керингтон, на одмор ќе си земе и приватен тренер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најдобриот фудбалер на Манчестер Јунајтед за сезоната што измина, Лук Шо и покрај тоа што е крај на сезоната се уште го посетува Керингтон и индивидуално вежба во пресрет на новата сезона.

Оле Гунар Солскјер ги предупреди своите играчи да бидат целосно подготвени пред стартот на подготовките на 1 јули, во спротивно нема да ги носи на турнејата во Австралија, Кина и Сингапур.

Токму затоа, Лук Шо кој одигра солидна сезона, но кој очигледно има проблем со килограмите ќе тренира и кога сезоната е завршена, а со себе на својот годишен одмор ќе понесе и приватен тренер кој ќе треба да го подготви пред предизвиците за наредната сезона.