Наградниот фонд на Австралијан Опен ќе изнесува – 71 милион долари!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Наградниот фонд на претстојниот Австралијан опен, т.е. првиот гренслем-турнир во сезоната ќе изнесува рекордни 71 милион долари.

Организаторите потврдија дека износот е за 13,6% поголем од минатата година, но речиси трипати повеќе во однос на турнирот на истото место пред точно една деценија.

Шампионот на Австралијан опен, чиј трофеј го брани српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, ќе заработи дури 4,12 милиони долари, што е навистина огромна сума.

Австралијан опен ќе се одржи од 20 јануари до втори февруари следната година.