Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот претседател на Калјари, а сега прв човек на Бреша, Масимо Селино верува дека Раџа Наинголан еден ден ќе се врати во Рома.
Селино го донесе Наинголан во Калјари во 2010 година од Пјаченца, а потоа следеше негов трансфер во редовите на Рома.
Сега Наинголан повторно е играч на Калјари каде игра како позајмен фудбалер од Интер, а Селино верува дека Белгиецот ќе се врати во Рома.
„Тешко е да не го сакаш. Последниот пат кога го сретнав тој ме гушна. Јас мислам дека тој ќе се врати во Рома. Тоа е негов сон, тој е опседнат со градот и клупското опкружување. Раџа е способен да ви даде се што сакате“ –изјави Селино.