Најбараниот фудбалер во Европа не можеше да го одбие повикот на Лампард

Англискиот тренер Франк Лампард полека создава тим со кој би можел да владее со европскиот фудбал. Лондонскиот гигант беше активен во летниот преоден рок и ангажираше добри засилувања на секоја позиција.

Со исто темпо Челси ќе продолжи и во 2021 година, а Лампард лично го контактирал нопвото засилување и остатокот од работата треба да го заврши Марина Грановскаја.

Во прилог на Челси му оди и тоа што може да ги задоволи барањата на Алаба во однос на плати. Наводно, тој сака плата од 280.000 фунти неделно, а тоа за фудбалер од негов калибар во Англија е исплатливо.

Алаба настапуваше речиси 10 сезони во Баерн Минхен, каде што ги освои сите можни трофеи, а за селекцијата на Австрија одигра 73 меча и постигна 14 голови.