Најбогатиот судија во светот ќе суди во финале на ЕП, а Верати има посебен „проблем“ со него!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Холанѓанецот Бјорн Кујперс беше поставен за главен судија на финалето на Европското првенство (ЕП) меѓу Англија и Италија.

Овој 48-годишен судија е познато судиско име во европски рамки, а познат е и по тоа што важи за најбогат судија во светот.

Неговото богатство се проценува на 13,5 милиони евра, а го заработи преку ланецот на супермаркети.

Интересно е што во 2014 година Кујперс го судеше мечот меѓу Англија и Италија на Светското првенство (СП) во Бразил, а тогаш триумфираа „аѕурите“ со 2-1.

Кујперс го судеше и финалето во Лига на шампиони во Лисабон меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, а беше главен судија и на две финалиња на Лига Европа.

Судијата има проблеми и со Марко Верати, со кој имаше караница во полуфиналето на Лига на шампиони.