Најдобриот голман на светот беше исвиркан на доделувањето (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинецот Емилијано Мартинез ја доби наградата за најдобар голман во светот, откако минатата година беше еден од хероите во освојување на Светското првенство (СП).

Мартинез во завршницата му одбрани удар на Рандал Коло Муани, а потоа двапати запре и пенали на Французите.

Поради ова доби свирежи од присутните во салата, а на крајот мораше да реагира и водителот Дидие Дрогба.

Дрогба побара од публиката да прекине со провокациите и да го почитува спортистот.