Најдобриот потег на Бензема во кариерата: Понижи три ѕвезди на Атлетико (Видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Карим Бензема игра фантастично во дресот на Реал Мадрид и тоа го покажа и оваа година, па така сезонава постигна 43 голови на исто толку натпревари.

Бензема конечно излезе од сенката на останатите ѕвезди кои ги имаа „кралевите“, а може да се пофали и со многу магични потези во кариерата.

На денешен ден пред пет години, односно во 2017 година можеби го имаше и најдобриот потег во кариерата.

Реал Мадрид го доби првиот меч против Атлетико со 3-0, но на „Висенте Калдерон“ се најдоа во проблеми по головите на Саул и Гризман, а потоа на сцена стапи Бензема кој му асистираше на Иско и да го потврди пласманот во финале.

„Тоа беше магичен момент. Кога ќе ги погледнете снимките, јасно е дека постигнавме гол благодарение на Бензема“, кажа тренерот Зинедин Зидан по мечот.