Најдоброто од Македонија: Стоилов, Томовски, Лазаров… ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската ракометна репрезентација одигра два одлични натпревари во првите две кола од квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2022 година, па запиша два триумфи против Финска и Швајцарија.

Македонија ја оправда фаворитската улога против Финска во првиот меч, кој се играше во Скопје, и го растури својот противник со високи 33-24.

Вчера поголем отпор даде Швајцарија, која е сериозен кандидат за една од позициите кои водат на ЕП, па по израмнетите први 30 минути (10-10), Македонија во последните 15 минути го реши дуелот и славеше со 25-23.

На социјалните мрежи на Европската ракометна федерација (ЕХФ) беа објавени најдобрите моменти на некои од нашите ракометари, меѓу кои се Столе Стоилов, Кире Лазаров и одбранетиот зицер на Мартин Томовски.