Најдолгата тројка во историјата во НБА за победа со звук на сирената! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Можеби Стеф Кари е кошаркар со најмногу тројки во историјата на НБА-лигата, но поените на Девонте Грахам ќе се паметат уште долго време.

Натпреварот меѓу Оклахома сити Тандер и Њу Орлеанс пеликанс беше возбудлив, а на крајот триумфираа гостите со 113-110.

Иако му требаше чудо, сепак Грахам веруваше дека може да го добие, па ја зема топката и шутираше од своја половина.

Точната далечина од која што погоди за три поени е 18,5 метри, а тоа е најголемата далечина од која е постигнат кош за победа во историјата на најсилната кошаркарска лига.

„Искрено сакав да шутирам. Не сакав веднаш да се изведе топката, туку почекав. Потоа ми се јави Џош Харт и ми додаде, по што ја пуштив топката да лета“, вели Грахам по натпреварот.