Најдоски: Ех Синиша, многу ќе ни недостигаш!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот македонски фудбалер Илија Најдоски се збогуваше со неговиот поранешен клупски колега од Црвена Звезда, Синиша Михајловиќ кој почина на 53-годишна возраст.

Светот го потресе тажната вест откако Михајловиќ не успеа да ја добие третата битка против леукемијата со која се бореше од 2019 година.

„Не можам да верувам дека се случи ова. Синиша беше одличен човек, немам зборови да го опишам тоа. Ова е страшна работа. Никогаш не се откажуваше, но овој пат не успеа. Многу сум погоден и потресен, нека му е лесна земја, ќе ни недостига“, напиша Најдоски.