Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Рандал Коло Муани сака да направи трансфер во ПСЖ, иако германскиот клуб не сака да го пушти за помалку од 100 милиони евра.
Коло Муани до крај ќе притиска да му дозволат трансфер во францускиот гигант, а неговата изјава предизвика и револт кај раководството на тимот.
Младиот фудбалер кажа дека сака да се пресели во ПСЖ, иако вечно ќе му биде должен на тимот од Франкфурт.
Коло Муани е подготвен за нов предизвик во кариерата, а управата на тимот му порача дека нема да прифатат уцени и ќе продолжат со преговорите со ПСЖ, но нема да ја намалат цената.