Најголемиот киксер меѓу голманите го откри виновникот за своите грешки?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лорис Кариус никогаш не успеа да се врати и да одговори на вистински начин по катастрофалните грешки во финалето на Лигата на шампиони во 2018 година.

Поради своите грешки беше обвинет од навивачите за болниот пораз на Ливерпул од 1-3 против Реал Мадрид и набрзо мораше да го напушти „Енфилд“, односно се пресели во Бешикташ, каде што не се прослави.

Новинари на „Форспор“ објавија дека во разговор со Кариус, тој им открил дека му пречи силното светло на рефлекторите на турските стадиони, па тоа е главен виновник за неговите грешки во турската екипа.

Бешикташ во моментов се наоѓа на петто место во турската Суперлига и од топ-5 има најмногу примени голови, односно 31 во 24 кола.