Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тенискиот новинар Бен Ротенберг често го критикуваше Новак Ѓоковиќ во минатото, но сега објави еден твит во кој напиша неколку факти и ги изненади сите.
Ѓоковиќ е единствен тенисер кој ги освои сите Мастерси, а тоа го направи двапати, па Ротенберг порача дека Србинот е најдобар во историјата.
„Дури и Ѓоковиќ да не го прескокне Надал по број на гренслем-титули, нема никаков сомнеж дека тој е најдобар во историјата во машкиот тенис“, напиша Ротенберг.
Српскиот тенисер остана без можност да се закити со уште неколку титули, откако годинава не учествуваше на Мастерсите во САД затоа што не е вакциниран, а од иста причина најверојатно ќе го пропушти и Ју-Ес Опен.