Најголемиот проблем на Реал Мадрид наречен – Еден Азар!


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Беглискиот репрезентативец Еден Азар имаше блескави денови во редовите на Челси, со што си обезбеди трансфер во Реал Мадрид во 2019 година вреден 100 милиони евра.

Белгиецот требаше да биде лидер на шпанскиот шампион, но засега „Бернабеу“ не ја виде ниту сенката на фудбалерот кој доминираше во Челси.

Сериозен проблем за Азар се повредите. Тој веќе пропушти 23 меча откако пристигна во „кралскиот клуб“ и само за една година направи повеќе отсуства отколку за седум години во Челси.

Белгиецот за седум години пропушти само 20 меча во редовите на Челси, па така во Мадрид повеќе одмараше отколку што играше минатата сезона.

Нема дилема дека Азар ќе биде големо засилување за Реал кога ќе се рехабилитира, но засега не е ниту блиску до фудбалерот за кој „кралевите“ платија 100 милиони евра.