Најголемиот талент на Барселона: Сонував за тој момент со години…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


16 годишниот  напаѓач од редовите на Барселона, Ансу Фати ги воодушеви сите кога за прв пат настапи во сениорскиот тим на „каталонците“.

Младиот Фати ја искористи приликата која ја доби, но како што се вратија сите ѕвезди во тренажен процес, така тој го загуби местото во првиот тим.

И покрај тоа, Фати е пресреќен што воопшто доби шанса со само 16 години да дебитира за Барселона.

„Да се даде гол на Осасуна беше сон, тоа беше прв гол за сениорскиот тим. Потоа и дадов гол на Валенсија на „Ноу Камп“ Сонував за тој момент со години, а тогаш се стана реалност. Секогаш сакав да играм за Барселона. Се надевам овде ќе останам целживот“ –изјави Фати за „Барса ТВ“.