Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Тренерот на Рафаел Надал и поранешен тенисер, Карлос Моја кажа дека болките повеќе не може да ги издржува еден од најдобрите тенисери во историјата.
Моја откри дека болките кои ги чувствува Надал се премногу големи и ќе мора да паузира до крајот на годината.
„Надал веќе некое време не е добро. На земјен терен чувствува помала болка, но на другите терени е поинаку. Болките се големи. Ова беше познато и за жал Надал нема да го гледаме до крајот на годината. Разговаравме со експертите, кажавме дека е најдобро да остане и да одмори ногата“, вели Моја.