Најголемото разочарување по синоќешното полуфинале во ЛШ: Навивач замина од стадионот, мислејќи дека Тотенхем е отпишан, но чудата се возможни… (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кога го напуштате фудбалскиот стадион пред крајот на мечот, тогаш морате да бидете свесни дека преземате голем ризик. Што ако се случи чудо?

Неодамна имавме случај кога еден навивач на Манчестер Сити го напушти стадионот неколку минути пред крајот мислејќи дека неговиот тим поминал во полуфиналето.

Тогаш Стерлинг погоди за 5:3, но навивачот пред стадионот во едно интервју дозна дека голот е поништен и дека неговата екипа е елиминирана.

Како тоа да не беше доволна опомена за еден од навивачите на Тотенхем кој ја направи истата грешка. Неговиот тим губеше синоќа од Ајакс со 2:0 на полувреме и работите изгледаа изгубени.

Навивачот одлучи да го напушти стадионот на полувреме, а со својот „паметен“ потег се пофали на инстаграм стори.

Сепак, подоцна се докажа дека направил грешка, со оглед на тоа дека Лукас Моура постигна хет-трик и ги одведе Спарси во големото финале. Сега споменатиот навивач е очекувано предмет на потсмев.