Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од компанијата „Најк“ решија да ја запрат продажбата на производи со името на Коби Брајант, кој почина во хеликоптерска несреќа во Калифорнија.
Целата серија на патики со неговиот потпис се продаваше ширум светот, а тоа беше главен производ на „Најк“, но продажбата беше запрена во меѓувреме.
„Најк прекина со продажба на производи со потписот на Коби Брајант за да ги спречи препродавачите да профитираат од легендата“, порачаа од компанијата.
Веста за Коби го погоди цел свет, а на страната на „Најк“ беше објавено дека им недостига Брајант и дека бил еден од најважните членови.
Во хеликоптерската несреќа животот го загубија дури девет лица, меѓу кои Коби и неговата ќерка Џина Марија.