Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Милвоки и Оклахома се првите две екипи кои обезбедија учество во полуфиналето на НБА купот, чие финале ќе се одржи во Лас Вегас. Бакс го совладаа Орландо со 114:109, додека Тандер го скрши отпорот на Далас со 118:104.
Дуелот помеѓу Оклахома и Далас беше решен практично во третата четвртина. На полувремето Оклахома имаше три поени предност, а потоа го доби третиот квартал со 33:19 и отиде на огромни 17 поени предност. Далас успеаја до крајот само малку да ја намалат разликата.
Клучот на триумфот на Оклахома лежи во фактот што го запреа Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг, главните ѕвезди на тимот од Тексас. Лука постигна „само“ 16 поени и 11 скокови со шут 5 од 15 од игра, додека Ирвинг имаше еден поен повеќе со шут 7 од 14. Поефикасни од нив двајца беа Маршал со 19 и Томпсон со 18 поени.
На другата страна блескаше Шеј Гилџис-Александер со 39 поени и осум скокови. Него го следеше Џејлен Вилијамс со 18 поени.
Многу понеизвесно беше во дуелот помеѓу Милвоки и Орландо. Бакси ги „скршија“ Меџик во самиот финиш. Адетокунбо имаше 37 поени и седум скокови, а Лилард 28 и девет асистенции.