Најлошите пет трансфери во историјата на Реал Мадрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид никогаш не се плашеше да вложи многу пари за засилувања, па ги има едни од најскапите трансфери во историјата. Тие често го имаа и најдобриот и најстрашниот состав во светот, а во него беа вклучени фудбалери како Зинедин Зидан, Роналдо, Роберто Карлос и многу други.

Во вториот мандат на Флорентино Перез како претседател на „кралевите“ пристигнаа ѕвезди како Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Анхел Ди Марија, но не секогаш трансферите беа добри и често играчите разочаруваа, а меѓу нив се и Кака и Еден Азар.

Во продолжение следат најлошите пет трансфери во историјата на поранешниот европски и шпански првак.

5. Николас Анелка

Реал Мадрид направи голем чекор со ангажирањето на Французинот, кој дојде од Арсенал во 1999 година, откако претходно беше еден од најдобрите фудбалери во премиерлигашот.

Меѓутоа, никогаш не го покажа вистинското лице во Мадрид, иако беше платен 35 милиони евра, по што беше продаден во ПСЖ следното лето за половина милион помалку отколку што беше откупен.

4. Данило

На четвртото место на листата се наоѓа бразилскиот фудбалер Данило, кој ги импресионираше скаутите со неговите настапи на Порто.

Поради тоа Реал реши да го купи Бразилецот како конкуренција на Дани Карвахал за 31,5 милиони евра од португалскиот гигант, но тоа се покажа како големо промашување.

3. Асиер Илараменди

Легендарниот Чаби Алонсо сите го паметат по неверојатните настапи за Реал Мадрид, но неговата ера заврши и поради тоа тимот бараше идеална замена.

Фудбалерот на Реал Сосиедад, Аисер Илараменди беше идеално решение според раководството, но никогаш не ги повтори импресивните настапи од неговиот претходен тим.

2. Рикардо Кака

Можеби едно од најголемите разочарувања за Реал Мадрид во 2009 година. Тогаш „кралевите“ ги купија Кристијано Роналдо, Карим Бензема и Рикардо Кака во ист преоден рок.

Овие фудбалери требаше да станат легенди на шпанскиот гигант, но Бразилецот разочара, по што мораше да го напушти Мадрид.

1. Еден Азар

Белгискиот фудбалер се наоѓа на врвот на листата поради тоа што Реал Мадрид вложи најмногу пари во неговиот трансфер, а за возврат не доби ништо.

„Кралскиот клуб“ за Белгиецот плати неверојатни 115 милиони евра за да го купи од Челси, каде што Азар играше во фантастично форма и беше еден од лидерите на тимот, но откако пристигна во Мадрид тој почесто беше повреден отколку што играше на теренот.