Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Скај Спортс“ пренесува најнови информации поврзани со трансфер преговорите помеѓу Борусија Дортмунд и Манчестер Јунајтед во врска со Џејдон Санчо.
Угледниот медиум пренесува дека двете страни се убедени дека наскоро ќе постигнат конечен договор.
Личните услови на играчот не би требало да претставуваат проблем, а сумата на трансферот ќе изнесува околу 80 милиони фунти.
Борусија Дортмунд за Санчо бара 100 милиони фунти, но ќе се задоволи и со 80 милиони кои се последната сума која ја нуди Манчестер Јунајтед.
Целата трансфер зделка треба да биде готова до 10 август кога Борусија Дортмунд ќе ги „запали моторите“ и ќе означи старт на подготовките во пресрет на новата сезона.