Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Трансферот на Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед му помогна да го преземе првото место од Лионел Меси на листата на „Форбс“ за најплатени фудбалери во светот.
Роналдо го врати првото место на листата на „Форбс“, па така тој во сезоната 2011/22 ќе заработи 125 милиони долари пред одбивање на данокот. Дури 70 милиони се од плата, додека остатокот е заработка од спонзорства.
Само тројца спортисти заработуваат повеќе на комерцијалниот пазар, а тоа се Роџер Федерер, Леброн Џејмс и Тајгер Вудс.
На второ место на најплатени фудбалери е Меси, кој се очекува да заработи 110 милиони долари, односно 75 милиони од плата.
Третото место е резервирано за Нејмар, кој треба да има приходи од 95 милиони долари, а зад него е уште еден фудбалер на ПСЖ, односно тоа е Килијан Мбапе.
Cristiano Ronaldo has replaced Lionel Messi as the highest-paid footballer in the world, according to latest rankings released by Forbes 🤑
— Sky Sports News (@SkySportsNews) September 22, 2021