Најпрво Миркуловски, па потоа и Стоилов ја заврши репрезентативната кариера!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вечерва имаше неколку збогувања од репрезентацијата на Македонија, откако прво тоа го направи Филип Миркуловски, на идентичен начин се збогуваше и Столе Стоилов.

Двајцата ракометари долги години ги бранеа боите на македонската ракометна репрезентација и постигнаа многу успеси со репрезентацијата.

Стоилов објави дека не може повеќе да игра за Македонија бидејќи неговото тело не го издржува големиот напор.

„Најавувам крај на репрезентативната кариера. Моето тело не е здраво и не може да игра под толку голем притисок. Ѝ благодарам на македонската јавност за поддршката. Има многу ракометари на кои треба да им се заблагодарам. Кирро, Жути… Ви благодарам“, кажа Стоилов.