Најскапиот фудбалер на Реал не сака да замине, иако одигра само девет меча


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден Азар пред неколку години стана најскапо засилување на Реал Мадрид, а по освојувањето на шпанскиот Куп со победата од 2-1 над Осасуна, кажа дека сака да остане во клубот.

Азар досега одигра само 311 минути во девет настапи сезонава, а освен еден гол и асистенција во групната фаза од Лигата на шампиони, не направи ништо друго.

„Ова беше тешка година за мене, но имам добар однос со тренерот и соиграчите. Сакам да играм, иако знам дека тоа е тешко. Морам да работам и да се надевам на шанса“, кажа Азар.

Белгиецот има уште една година од договорот кој му носи над 30 милиони евра годишно, а Реал Мадрид сака да го продаде, но тоа најверојатно нема да се случи.

„Сакам да останам. Секако дека сакам да играм повеќе, но сакам и да уживам во последната година од договорот“, вели белгискиот фудбалер.