Најскапиот голман во светот си оди од Челси?


Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека Наполи и Челси преговараат за позајмица на 27-годишниот шпански голман Кепа Аризбалага.

Кепа треба да го преземе местото меѓу стативите на Наполи и ќе има шанса за нов почеток во Серија А, откако не се прослави во англискиот гигант.

Шпанскиот голман стигна во Лондон во 2018 година за 80 милиони евра од Атлетик Билбао како најскапо засилување.

Меѓутоа, следеа неколку лоши години за Кепа, кој беше често критикуван поради неговите лоши настапи и прогласен за едно од најголемите промашувања во историјата.

Поради тоа Челси го купи Едуард Менди, кој стана прв голман, а Кепа се пресели на клупата и сега е време да си оди од клубот.