Најскапите дефанзивни играчи на светот: Ван Дајк го носи епитетот на најдобар, но е втор на листата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вирџил ван Дајк е најдобриот стопер на денешницата, без сомнение. Сепак, според истражувањето на фудбалскиот институт ЦИС, фантастичниот Холанѓанец не е најскапиот централен дефанзивец во светот.

Врз основа на посебен алгоритам кој зема во предвид различни фактори како што се квалитет на игра, број на години, должина на договор и сл, епитетот на најскап му припаѓа на Матијас Де Де Лихт.

Младиот стопер на Јувентус, кој ќе наполни 21 година во август, е единствениот играч со вредност од повеќе од 100 милиони. Се проценува на 104,7 милиони евра.

Ван Дајк е на второто место со вредност од 98,5 милиони, додека трет е Клемен Ленглет. Французинот од Барселона е во вредност од 82,9 милиони евра.

Во Топ 10 се наоѓаат Рафаел Варане, Виктор Линделоф, Едер Милитао, Хари Мевгаер, Милан Скриниар, Давинсон Санчез и Џо Гомез.