Најсрамниот потег во кариерата на Гомез, жртва му беше – Валверде! (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Федерико Валверде игра во одлична форма ова сезона и синоќа постигна уште еден гол, но во последната минута сè можеше да заврши на ужасен начин.

Реал Мадрид пред своите навивачи успеа да слави против Севилја со 3-1 и да дојде до нови три бода, па така остана единствен шпански клуб кој нема пораз оваа сезона.

Севилја имаше 1-1 до самиот финиш, но потоа Лукас Васкез, а потоа и Валверде погодија за 3-1, по што Папу Гомез во 95. минута ги остави сите без зборови.

Аргентинецот без никаква потреба направи жесток прекршок врз Валверде и можеше сериозно да го повреди, а тоа предизвика бес кај навивачите на „кралскиот клуб“, кои веднаш побараа црвен картон за Гомез.