До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Дисциплинската комисија на Фудбалската асоцијација на Шпанија ги објави санкциите против стоперот на Севиља, Маркао.
Бурно реагираше Маркао на исклучувањето по вториот жолт картон што му го додели судијата Алехандро Муњиз Руиз на крајот од натпреварот против Реал Мадрид. Тогаш го навреди судијата на кој сакаше да нападне, а откако Руиз разбрал што рече дефанзивецот на Севиља, овој ја шутнал топката што беше во просторот на четвртиот судија.
Врз основа на таа формулација, тој е казнет со вкупно шест натпревари суспензија. Четири за начинот на кој му се обрати на судијата, еден за несоодветно однесување и уште еден за исклучувањето.
Така, својот следен натпревар во Ла Лига потенцијално ќе го одигра дури на 15 февруари против Алавес на „Пишуан“.
Севиља во овој момент е на 10. место на табелата на Ла Лига, но се на пет бода од зоната за испаѓање.
















