Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поранешниот португалски репрезентативец Нани се најде во центар на скандал во Португалија откако еден од неговите фанови објави дека искусниот фудбалер му го зел дресот кој го донел за да го потпише.
Нани реши да се врати во Португалија ова лето и потпиша за Естрела по неколку години поминати во Америка, Австралија и Турција.
Овој 37-годишник уште не сака да оди во пензија, и со Естрела потпиша договор до крајот на сезоната и на осум натпревари успеа да постигне еден гол во португалското првенство за овој клуб.
Меѓутоа, Нани моментално се наоѓа во центар на скандалот откако еден од неговите фанови објави на социјалните мрежи дека му искусниот фудбалер без прашање му го зел дресот.
Имено, овој навивач се појави на еден од тренинзите на Естрела каде што го чекал токму Нани. Донесе дрес од овој играч од времето кога настапуваше за Португалија, и се надеваше дека Нани ќе му го потпише.
Тој го чекаше Нани пред стадионот и кога искусниот фудбалер се запрел му го покажа дресот и побара автограм. Меѓутоа, Нани почна да го прашува од каде му е дресот, а потоа му го зел и заминал дома.
Нани му кажа на тој навивач дека таков дрес му беше украден порано и верува дека овој е тој, и реши да го земе иако тој очигледно беше против тоа.