Нант му оддаде посебно признание на Лазаров (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот македонски ракометар во историјата и селектор на Македонија, Кире Лазаров доби големо признание од неговиот поранешен клуб Нант.

Лазаров постигна неверојатни бројки во кариерата и затоа Нант го постави Македонецот на „ѕидот на клупските легенди“.

Станува збор за фотографија со седум ракометари, кои тимот ги одбрал како најголеми и најзаслужни во историјата на Нант.

Покрај Лазаров таму се наоѓаат и Бруно Соуза, Махмуд Гарби, Алберто Ентрериос, Доминик Клајн, Федери Доле и Рок Фелио.