Нападнат инфлуенсерот кој не се шиша поради Манчестер јунајтед (Видео)


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Во Манчестер, англискиот инфлуенсер Френк Илет се соочи со непријатна ситуација по натпреварот меѓу Јунајтед и Челси. По победата на „црвените ѓаволи“ со 2-1 на „Олд Трафорд“, тој стана цел на агресивен фан.

Очевидци тврдат дека навивачот му пријде блиску до стадионот, го фати за косата и почна насилно да го влече, додека другите не интервенираа за да ја смират ситуацијата.

Додека Илет беше нападнат, напаѓачот викал дека ќе прави што ќе сака и го обвинил Илет дека е противник на Јунајтед, со што дополнително ја затегнал атмосферата.