Напаѓачот на ПСЖ објасни како успеа да промаши од гол-линија (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вчера се случи едно од најголемите промашувања во историјата на фудбалот и тоа во мечот меѓу ПСЖ и Стразбур (2-2), а во главна улога беше Ерик Чупо-Мотинг.

Веднаш по мечот, Чупо-Мотинг се обиде да им објасни на новинарите што се случило во средината на првото полувреме.

„Прво помислив дека Нкунку ќе ми асистира, но тој шутираше. Стоперот тргна кон топката и мислев дека ќе го изблокира ударот. Меѓутоа, топката помина, а јас помислив дека е можеби офсајд. Тоа се случи многу брзо. Ја допрев топката и завршив во мрежа. Жал ми е поради тоа, но мораме да продолжиме понатаму“, вели Чупо-Мотинг.