Напаѓач на Ливерпул на мета на Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Антонио Конте има намера да го додаде во нападот белгискиот напаѓач од Енфилд.

Кристијан Бентеке стигна во Ливерпул за 46.5 милиони евра, но не оправда ниту еден вложен цент.

После една година би можел да го напушти Мерисајд, а за потенцијалните клубови кои се заинтересирани за неговите услуги долго време се пишува.

Сега според Тајмс во трка за Белгиецот влезе и Челси.

Конте има намера да го доведе Белгиецот и да му понуди улога во стартните 11 и со Диего Коста ќе го сочинуваат тандемот во нападот.

Интерес за Белгиецот покажа и Вест Хем, па ќе биде интересно да се види ако го напушти Ливерпул кој дел од Лондон ќе го избере.

Минатата сезона на 29 натпревари во ПЛ постигна 9 погодоци и 3 пати се запиша во листата на асистенти.