ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition* ↓↓↓
Иако англиските медиуми пишуваа дека Ливерпул ќе го казни напаѓачот Уго Екитике одземајќи му двонеделна плата (што би изнесувало околу 570 илјади евра) поради црвениот картон што го доби во Купот на лигата против Саутхемптон, Арне Слот го демантираше тоа. Да потсетиме, Екитике ја заработи исклучувачката втора жолта картона кога го соблече дресот по постигнатиот гол, заборавајќи дека веќе е опоменат.
„Не доби казна. Тоа што го направи не беше баш паметно, но веднаш го призна и се извини на соиграчите. Тој е млад, а играчи од секоја возраст прават грешки. Сите ние правиме грешки и во овој клуб ви е дозволено да направите грешка без веднаш да добиете казна”, изјави тренерот на Ливерпул Слот и продолжи:
„Тој е прекрасно човечко суштество и мислам дека секој член од нашиот штаб би го ставил меѓу тројцата најтопли и највоспитани личности со кои работат. А дури и да не беше, му е дозволено да згреши.”