Наполи ќе остане без Де Брујне!?


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери во светот во изминатата деценија, Кевин де Брујне, летоска после 10 години го напушти Манчестер сити, се приклучи на Наполи, но кај шампионот на Италија не се “согласи” веднаш со Антонио Конте.

Имаше добри партии, но тој и Скот Мектоминеј никако не можеа да функционираат заедно на теренот.

Следуваше повреда и повеќемесечна пауза, Конте во меѓувреме имплементираше сосем друга формација во која ќе биде тешко за Белгиецот да пронајде место, па би можел уште во јануари да го напушти југот на Италија.

Медиумите од Неапол тврдат дека Наполи е подготвен да го пушти во случај на добра понуда, и дека во овој момент постои интерес од неколку клубови од Саудиска Арабија.

Најверојатно, ни Де Брујне не е многу заинтересиран да остане во Наполи, па јануари можеби е идеален момент за разделување.