Наполи ангажира поранешен освојувач на Премиер лигата?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Според британските медиуми, Наполи покажал интерес за изненадувачки потег – привлекување на поранешниот напаѓач на Лестер Сити, Џејми Варди, откако беше потврдено дека Ромелу Лукаку ќе отсуствува од терените три месеци поради повреда на бедрото.

Овој неочекуван удар ги натера Наполитанците повторно да излезат на пазарот, а 37-годишниот Варди, кој е слободен играч по завршувањето на 12-годишната епизода во Лестер, се појави како опција. Според Daily Mail, италијанскиот првак го гледа како сериозно решение имајќи предвид искуството, освоената титула во Премиер лигата, повеќе од 200 постигнати голови и познатата професионалност и физичка подготвеност.

Наполи претходно разгледуваше можност за привлекување на поскапи и звучни имиња како Расмус Хојлунд и Дарвин Нуњез, но Варди би претставувал различен пристап. Тој е докажан и искусен стрелец кој не би барал отштета, а неговата плата би била значително помала, што го прави идеално решение на краток рок. Ваквиот потег би му овозможил на Наполи да остане конкурентен додека Лукаку се опоравува, без да се врзува за долгорочно и скапо вложување.

Фото: Принтскрин